април 27, 2026

Во Полициската станица во Крушево била пријавена физичка пресметка меѓу наставничка и ученик во основно училиште во градот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во понеделникот околу 18:30 часот, 35-годишна жена од Крушево пријавила дека нејзиното малолетно дете било физички нападнато од наставничката во училиштето каде што учи.

Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности околу настанот.

Дополнителни информации за инцидентот се очекуваат по завршување на разговорите со вклучените страни.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK