април 27, 2026

Во интервју за порталот „Независен“, кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова, се осврна на односот на нејзиниот противкандидат Орце Ѓорѓиевски и на неговата понуда таа да биде дел од неговата идната администрација.

„Таквата понуда е недобронамерна и омаловажувачка. Таа не е упатена со почит, туку со потценување – кон мене како противкандидат и кон сите жени кои се борат рамноправно да учествуваат во политичкиот живот“, изјави Шукова.

Во однос на извинувањето што следуваше, Шукова додаде дека тоа доаѓа предоцна и без вистинска искреност: ,,Извинувањето не вреди кога веќе е направена штетата. Јавноста многу јасно гледа кој навистина покажува почит, а кој само формално се извинува за да ја смири реакцијата.“

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK