април 27, 2026

Ханси Флик полуде на каталонското дерби кое се играше во деветтото коло од Ла Лига. На крајот од регуларниот дел и при резултат Барселона – Џирона 1:1, судијата Хесус Хил Манзано му сигнализираше на судијата дека ќе се играат четири минути продолженија.

Тренерот на Барселона се налути на тоа, поради што доби два жолти картони. Судијата го испрати Флик на трибините, но Роналдо Араухо постигна гол во четвртата, последна минута од судиското продолжение за драматична победа на актуелниот шампион на Шпанија.

Флик голот за победа го прослави на непримерен начин.

Поради исклучувањето, Флик сигурно е суспендиран за најголемото дерби во следната рунда, кога Барса гостува кај Реал, но поради непримерната прослава, медиумите пишуваат дека тој ќе се соочи со поригорозна казна и подолга суспензија.

Hansi Flick’s reaction to Barcelona’s late winner against Girona
byu/Nemlokt insoccer

Share

The post (Видео) Како уличар го славеше голот против Џирона – Флик се соочува со голема казна appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK