април 27, 2026

Манчестер јунајтед го доби најголемото дерби во англискиот фудбал. На „Енфилд“, Јунајтед го победи Ливерпул со 2:1. Прв пат во ерата на Рубен Аморим, Манчестер јунајтед забележа две победи по ред во Премиер лигата. Ливерпул потврди дека е во криза, има четири порази во низа, три од нив се во првенството. Голот за победа со кој Јунајтед победи во Ливерпул за прв пат по ноември 2014 година, го постигна Хари Мегваер во 83-та минута.

Јунајтед експресно дојде до предност, по само 61 секунда, по додавањето од Диало, стрелец беше Мбеумо.

Ливерпул во првиот дел не блескаше, но имаше две големи шанси, преку Гакпо. Репрезентативецот на Холандија два пати ја погоди стативата. Во овој дел од играта, шанса за Јунајтед имаше Бруно Фернандеш.

Вториот дел апсолутно му припадна на Ливерпул. Целосна иницијатива, шанса за Исак, потоа и за Салах, два опасни удари на Екетике. Домаќините изедначија во 78-та минта, мешаница пред голот ан Јунајтед, а Гакпо од пет метри ја спроведе топката во голот.

Холанѓанецот три минути подоцна од чиста позиција, по центаршутот на Фримпонг, од пет метри ја испрати топката крај голот.

Казната дојде во следниот напад. Ливерпул одбрани корнер, но топката пред голот ја врати Фернандеш. Мегваер највсокот скокна и го совлада Мамардашвили.

До крајот Ливерпул притисна со сите сили, Јунајтед сепак успеа да се одбрани.

Share

The post (Видео) Агонијата на Ливерпул трае, Манчестер јунајтед победи на „Енфилд“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK