април 26, 2026

Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје ги известува граѓаните дека по повод државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, јавниот превоз во главниот град ќе сообраќа по неделен возен ред.

Од претпријатието информираат дека дежурна ќе биде билетарницата и центарот за персонализација на Транспортниот центар, кои ќе работат во периодот од 8 до 14 часот.

Жичницата на Водно ќе функционира вообичаено, со работно време од 10 до 18 часот. Последното возење од подножјето кон врвот ќе биде во 17:30 часот, а последното возење од врвот надолу во 17:45 часот, соопштија од ЈСП Скопје.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK