април 26, 2026

Интегрален текст од соопштение за јавност – демант на „Независни за Карпоп“ на напис објавен на 24 Инфо.мк:

Цврсто и недвосмислено ги отфрламе дезинформациите објавени во 24info.mk за наводна продажба на нашите гласови. Во текот на мандатот 2021–2025, кога имавме два советнички мандата, јасно покажавме дека единствен водич ни се ветувањата дадени на граѓаните. Така ќе биде и во следниот мандат, кога тројца советници од „Независни за Карпош” ќе седнат во Советот.

Токму корупцијата во општеството и локалната власт нè мотивира да се бориме за почисти и похумани политики. Не постојат пари кои би нè поколебале од таа цел. Нашите гласачи ги почитуваме и цениме, и никогаш не би се осмелиле да тргуваме со нивната доверба — ниту пак тие би прифатиле такво нешто.

Апелираме до медиумите за професионално и одговорно известување, без шпекулации и конструкции. Секогаш сме отворени и достапни за новинарски прашања и транспарентен разговор.

Доколку овој демант не биде објавен, ќе бидеме приморани да покренеме судска постапка за ширење клевети и нарушување на угледот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK