април 25, 2026

Мандатот на хрватскиот тренер Игор Тудор на клупата на Јувентус траеше кратко. Тудор беше назначен за тренер на Јувентус во март оваа година. Тој го водеше тимот од Торино вкупно 24 натпревари, а беше отпуштен откако неговиот тим не успеа да забележи победа на ниту еден од последните осум натпревари (пет нерешени резултати и три порази).

По последниот пораз од Лацио (1:0) и наводната реакција во соблекувалната насочена кон играчите, крајот беше неизбежен. Како што објавува „Тутоспорт“, генералниот директор на клубот, Дамиен Комоли, во телефонски разговоро му соопштил на Тудор дека повеќе не е тренер на „старата дама“.

Тоа не треба да биде премногу изненадување, особено кога се знае дека двајцата отсекогаш имале ладни односи. Тудор не беше изборот на Комоли, тој сакаше да се ослободи од него. Изборот на генералниот директор беа Конте и Гасперини, но едниот реши да остане во Наполи, а другиот ја прифати понудата од Рома.

Оваа сезона, Јувентус не само што не изгледаше добро на теренот под водство на хрватскиот тренер, туку тој и отворено ја критикуваше администрацијата во медиумите во неколку наврати.

Share

The post Тудор добил отказ преку телефон? appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK