април 25, 2026

Суд во францускиот град Безје ја казнил Доминик Валдије со 1.250 евра затоа што нејзиниот портокалов мачор Реми редовно одел кај соседот и правел штета — оставајќи траги од шепи, мокрејќи по ќебиња и вршејќи нужда во дворот. Пресудата предвидува и дополнителна глоба од 30 евра секој пат кога мачорот повторно ќе ја премине оградата.

Организацијата за заштита на животни (SPA) предупреди дека случајот може да создаде правен преседан што би ја ограничил слободата на мачките да се движат во својата околина и би ги одвратил луѓето од нивно вдомување.

Валдије вели дека сега го држи Реми затворен во куќата: „Се здебели и стана агресивен. Како да му е изречена домашна казна.“ Дел од соседите ја поддржуваат, оценувајќи дека пресудата е апсурдна и штетна за сите сопственици на животни.


Share

The post Французинка казнета затоа што нејзиниот мачор премногу сака да шета кај соседот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK