април 25, 2026

Фудбалерите на Реал Сосиедад го победија Атлетик Билбао со 3:2 во 11-то коло од шпанската Ла Лига.

Дербиот на Баскија се играше во Сан Себастијан, на стадионот „Реале Арена“ пред околу 30.000 луѓе. Натпреварот беше интензивен, Атлетик два пати се враќаше во натпреварот, на крајот херој на Сосиедад е Горотачеги.

Во 38-та минута Браиз Мендес ја затресе мрежата на Билбао, но радоста на домашните траеше само четири минути. Горока Гурусета изедначи на 1:1.

На почетокот од вториот дел од натпреварот, веднаш по почетниот удар, Португалецот Гонзало Гуедеш, со прекрасен потег се ослободи од својот чувар и им ја врати предноста на домашните.

Сепак, половина час подоцна, откако беше поништен голот на Закаријан за 3:1, Наваро успеа да погоди за 2:2 и да внесе дополнителна драма во баскиското дерби.

Реал Сосиедад победата ја обезбеди во втората минута од судиското надополнување на времето, на асистенција на Ојарсабал, Горочатеги го постигна голот за победа од 3:2.

Сосиедад го забележа третиот триумф, со 12 бодови се наоѓа на 13-то место. Атлетик го доживеа третиот пораз во последните пет натпревари, со 14 бодови на табелата се наоѓа на 10-то место.

Foto/ EPA

Share

The post (Видео) Горочатеги во 92-та минута го реши баскиското дерби appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK