Арсенал славеше против Славија од Прага со 3:0 во четвртото коло во Лигата на шампионите. Натпреварот во Прага го одбележа фудбалерот на Арсенал, Макс Дауман.
Младиот играч влезе во игра во 73-та минута и влезе во историјата станувајќи најмладиот играч што настапил во Лигата на шампионите.
Дауман има само 15 години и 308 дена и со тоа стана најмладиот фудбалер што играл во ова престижно клупско фудбалско натпреварување.
Овој рекорд претходно го држеше Јусуф Мукоко, кој дебитираше на 16 години и 18 дена.
Дауман веќе го имаше своето деби во Премиер лигата во дресот на Арсенал во август оваа година во натпреварот против Лидс.
The post Даумен стана најмладиот играч во историјата на Лигата на шампионите appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
