април 24, 2026

Вчера градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, заедно со својот колега од Гази Баба, извршија увид на депонијата Вардариште, каде што во моментов се одвива интензивна акција за чистење. На терен е распоредена бројна механизација која врши собирање и транспортирање на отпадот кон депонијата Дрисла.

Акцијата е дел од големата операција за чистење на главниот град што започна веднаш по преземањето на функцијата од страна на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој најави дека од првиот ден ќе се работи посветено на решавање на проблемите со комуналната хигиена и дека „сè што е ветено, ќе се реализира“.

„Народот го заслужува тоа“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека чистото Скопје ќе биде приоритет број еден во наредниот период.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK