април 24, 2026

Ландо Норис го освои првото место во квалификациите за спринт на Големата награда на Бразил во Сао Паоло.

Британецот во Мекларен блескаше во квалификациите, првото место го избори со резултат 1:09.243. Норис моментално е лидер во шампионатот.

Второто место изненадувачки го освои Андреа Кими Антонели зад воланот на Мерцедес, додека Австралиецот Оскар Пјастри, колегата на Норис заврши на третото место. До него ќе стартува возачот на мерцедес Џорџ Расел.

Макс Верстапен, актуелниот шампион, беше само шести, иако имаше најдобро време во првиот сектор, потоа направи грешка, па ќе стартува зад Фернандо Алонсо кој имаше одлично квалификации со Астон Мартин.

Спринтот е закажан за сабота во 15 часот. Главната трка ќе се вози во недела од 16:30 часот.

Share

The post Норис прв ќе стартува во спринт трката, Антонели втор, Пајстри трет appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK