април 24, 2026

Академијата “Маја Балова Интернационал “ стана официјален застапник на премиум пигментите БРОВИ  во Македонија. Познатата козметичарка и тренер по трајна шминка, Маја Балова со гордост ја објавува својата нова соработка, дека академијата “Маја Балова Интернационал “ стана официјален застапник за премиум пигментите БРОВИ во Македонија.

Успешната македонка вели дека ова е голем чекор за домашната PMU заедница, која отсега ќе има директен пристап до еден од најреномираните светски брендови во областа на трајната шминка.

„Ова е огромна чест и одговорност. БРОВИ е бренд со кој работам одамна и од прва рака знам колку се квалитетни и стабилни нивните пигменти. Со тоа што станав официјален застапник, им овозможуваме на сите професионалци во Македонија да дојдат до оригинални производи со гаранција за квалитет, едукација и поддршка“, вели Балова.

Најавува дека во тек се подготовки за мастер класи, презентации и обуки посветени на работата со БРОВИ пигментите.

„Целта ни е секоја уметница која работи со ПМУ да има пристап до врвни материјали и современи техники. БРОВИ е симбол на професионализам, и горда сум што токму од Македонија ќе го претставуваме овој бренд“, дополнува жена која сама по себе е бренд и сопственик на салон за убавина повеќе од 20 години.

Маја Балова е штипјанка која ја има не само во нејзиниот матичен град, туку и во Скопје и во сите останати градови.

Академијата „Маја Балова интернационал“ која е поддржана од Министерството за образование, а предводена од Маја Балова, веќе неколку години претставува еден од водечките центри за обука во областа на козметиката и убавината во Македонија.

Share

The post Академијата на успешната штипјанка Балова стана официјален застапник на премиум пигментите БРОВИ во Македонија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK