април 23, 2026

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против 53-годишник кој на 11 ноември извршил брутален напад врз 12-годишно дете.

Додека детето се движело со велосипед по булеварот „Крсте Мисирков“, осомничениот го пресретнал со електричен мотор и почнал да го удира со тупаници и клоци по лицето и телото. Во еден момент извадил нож и замавнал кон детето, а потоа со дршката го удрил по главата.

Детето успеало да се оттргне и да побара помош од случајни минувачи. Напаѓачот потоа го одзел велосипедот, му ги исекол гумите и го фрлил на булеварот, со намера да оштети возила, по што го напуштил местото на настанот.

Оштетеното дете било пренесено во Ургентниот центар за лекарска помош. Јавниот обвинител побара од судијата на претходна постапка определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK