Популарните кукли Лабубу би можеле да се појават на филмското платно во иднина, а компанијата Сони пикчерс оваа недела склучи договор за развој на филм базиран на чудовишта со заби, пренесува Холивуд Репортер.
Филмот е во рана фаза на развој и сè уште не е одлучено дали ќе биде играна или анимирана верзија, пренесува Ројтерс.
Куклите Лабубу, кои ги продава кинескиот Поп Март, станаа глобален феномен оваа година, а во јавноста ги носеле познати личности, меѓу кои и американската пејачка Ријана.
Купувачите често чекаа во редови за да купат кукли во затворени кутии, кои го чуваат точниот модел во тајност додека не се отворат.
The post Популарните кукли Лабубу ќе добијат филмска адаптација appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
