април 23, 2026

Вечерва, со почеток во 20:45 часот, во Зеница ќе се игра квалификациски натпревар за Светското првенство помеѓу Босна и Херцеговина и Романија. БиХ моментално е втора во групата со 13 бода, Романија има десет. Австрија е лидер со 15 бода, а сите три репрезентации треба да одиграат уште два натпревари до крајот на квалификациите.

Пред дуелот во Зеница, главна тема се романските навивачи. На пат кон Зеница тие поминаа низ Белград, се сликаа со транспарент, пред храмот Свети Сава, кој предизвика жестока реакција во Босна и Херцеговина.

На социјалните мрежи се појави фотографија со транспарентот подготвен од романските навивачи, на кој на англиски јазик беше напишана поддршка за воениот злосторник, Ратко Младиќ.

„Младиќ е европски херој, ги сведува муслиманите на нула“, пишува на транспарентот.

Share

The post (Фото) Жестока провокација од романските хулигани пред мечот со БиХ во Зеница appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK