април 22, 2026

Српските репрезентативци Душан Влаховиќ и Филип Костиќ се централни фигури во првото полувреме, на натпреварот во Фиренца, меѓу Фиорентина и Јувентус.

Судијата Даниеле Довери мораше да се извинува и да го молиДушан Влаховиќ да не го напушта теренот во 19-та минута, кога дел од трибините навредливо скандираше. Навивачите на Фиорентина никогаш нема да му го простат на Влаховиќ трансферот во Јувентус, но вечерва претераа со скандирањето кое траеше неколку минути.

Навивачите на Фиорентина расистички го навредуваа српскиот репрезентивец: „Ти си циган, ти си циган“, скандираа на „Артемио Франки“.

Натпреварот, два пати беше накратко прекинат, а капитенот Лука Раниери се упати кон трибините и ги замоли навивачите да престанат, потсетувајќи ги дека натпреварот ќе биде прекинат, по што расистите на трибините се престанаа.

Соиграчот на Влаховиќ од репрезентацијата, Филип Костиќ, во шестата минута од надополнувањето на времето, испрати проектил од 25 метри за предност на Јувентус 0:1.

Share

The post (Видео) Расизам во Фиренца: Судијата го молеше Влаховиќ да не го напушта теренот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK