април 22, 2026

Ѓоко Јовиќ и момците од „Енерџи Бенд“ вчеравечер ја промовираа својата најнова авторска песна која го носи насловот „Те сакам“.

Имено, оваа балада е прва песна од серијалот нови песни на кои бендот неуморно работеше во изминатиов период. Зад неа како автор на музиката, текстот и аранжманот се потпишува синот на Ѓоко, Михаил Јовиќ, додека видеото е снимено на неколку локации во нашата Македонија и Сиднеј, Австралија под режисерската палка на докажаните М16 продукција.

– Оваа песна им ја посветувам на сите заљубени, на сите кои имаат некој што им значи во животот, некој со кого сакаат да останат и во добро и во лошо. Пратете им ја и израдувајте им го срцето со неа, вели Ѓоко Јовиќ.

Од бендот информираат дека секој нареден месец ќе објавуваат нови авторски песни, а следната ќе биде промовирана пред новогодишните празници.

Во продолжение, „Енерџи Бенд“ и темата „Те сакам“.

Share

The post (Видео) „Енерџи Бенд“ објави нова песна „Те сакам“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK