април 22, 2026

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.А.Д.(50) и Ј.С.(44), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори и гласање” по член 162 од Кривичниот законик. На 19.10.2025, за време на локалните избори, двајцата се затекнати како со пари и список со лични податоци и адреси на живеење на лица со право на глас од Охрид, се движеле од куќа во куќа и на евидентирани лица со избирачко право, им нуделе и делеле парични средства со намера да придобијат односно да го извршат избирачкото право во корист на кандидатот за градоначалник на една политичка партија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK