април 22, 2026

Во ОВР Кочани е пријавено дека во Кочани настанал пожар во куќа, сопственост на А.М.(50) од Кочани, информира СВР Штип.

При гасењето на огнот, 43-годишната О.С. вдишала чад и се здобила со изгореница на раката, додека нејзината 17-годишна ќерка вдишала чад, по што двете биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат. Извршен е увид на местото на настанот, велат од СВР Штип.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK