април 22, 2026

Светската музичка ѕвезда Селин Дион упати емотивна порака до своите фанови по повод Денот на благодарноста, потсетувајќи колку е важно човек да запре за миг, да земе здив и да се потсети на вистинските вредности во животот.

Во видео објавено на нејзиниот официјален Инстаграм профил, Дион им се обраќа на „драгите пријатели“ со порака што носи мир и топлина.

„Денеска е прекрасен потсетник да забавиме, да земеме длабок здив и да бидеме благодарни. Има нешто навистина моќно во тоа да се собереш со луѓето што ги сакаш – без разлика дали околу полна трпеза, преку телефон или дури и само во срцето“, вели таа во видеото.

Познатата канадска пејачка во 2022 година јавно откри дека боледува од синдром на вкочанета личност – ретко и прогресивно невролошко нарушување што го зафаќа мозокот и ’рбетниот мозок. Болеста сериозно го наруши нејзиниот секојдневен живот и музичката кариера.

Една година подоцна беше објавено дека Дион ја откажува својата „Courage World Tour“, а извор близок до пејачката тогаш за Си-Ен-Ен изјави дека таа „најверојатно никогаш повеќе нема да оди на светска турнеја“.

И покрај здравствените предизвици, во празничното видео Дион зрачи со достоинство и благодарност.

„Толку сум благодарна за моето семејство и за моментите што ги споделуваме заедно – тие ми значат сè“, истакна таа.

На крајот од пораката, пејачката им упати искренa желба на сите свои следбеници: „Нека вашиот Ден на благодарноста биде исполнет со радост, со мир и со благодарност – дури и за малите нешта. Среќен Ден на благодарноста од мене и моето семејство до вас и вашите најблиски.“

Во 2024 година беше објавен и документарниот филм I Am: Céline Dion, во кој пејачката отворено зборува за болната и тешка битка со синдромот, прикажувајќи ја својата ранливост, но и неверојатната сила со која се соочува со болеста.

Share

The post Светската музичка ѕвезда Селин Дион упати емотивна порака до своите фанови appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK