април 22, 2026

На 29.11.2025 година во 01:10 часот, во СВР Охрид приведени се Г.М.(52) и Р.М.(65), двајцата од охридското село Пештани.

Тие претходно, на регионален пат Охрид – Св. Наум, кај охридската населба „Св. Стефан”, вербално навредувале, а потоа и физички нападнале полициски службеници кои преземале службени дејствија.

При извршено алкотестирање, кај Г.М. е утврдено 1,63 додека кај Р.М. 0,53 промили присуство на алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK