април 22, 2026

Поранешна долгогодишна вработена во Челзи се изјасни за виновна за измама на клубот за повеќе од 200.000 фунти (околу 230.000 евра) во период од четири години.

39-годишната Клер Волш, која работеla како помошничка благајничка, ја злоупотребила својата позиција за лична корист и сега се соочува со затворска казна до 10 години.

Волш се појави пред Судот за прекршоци во Вестминстер, каде што се изјасни за виновна по обвинението за измама со злоупотреба на службената должност во периодот јуни 2019 и октомври 2023 година.

Судијата Киран О’Донел ѝ соопштил дека обемот на измамата е надвор од овластувањата на Судот за прекршоци за изрекување казни.

Волш работи за Челзи повеќе од 20 години. Таа ќе биде осудена во Крунскиот суд во Ајлворт на датум што ќе биде дополнително одреден.

Клубот откри финансиски неправилности на почетокот на 2022 година и веднаш го проследи случајот до полицијата.

Share

The post Вработена го оштетила Челзи за 230.000 евра appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK