април 22, 2026

Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, изјави дека Кол Палмер е подготвен за градското дерби против Арсенал.

Палмер го одигра својот последен натпревар на 20 септември против Манчестер Јунајтед, по што имаше проблеми со препоните, а минатата недела имаше несреќа кога го скрши прстот на ногата во својот дом.

„Враќањето на Кол е добра вест и сите се среќни. Навивачите и неговите соиграчи се среќни, а најважно е што и Кол е среќен затоа што, на крајот на денот, играчите сакаат да играат натпревари и да тренираат секој ден. Тој може многу да ни помогне, тој е веројатно нашиот најдобар играч. Сега мора да му дадеме време да биде максимално подготвен. Играше фантастично во минатото и нема сомнение дека ќе направи многу добри работи за овој клуб во иднина“, рече Мареска.

Фудбалерите на Челзи ќе го пречекаат Арсенал во 13-то коло од Премиер лигата во недела во 17:30 часот. Арсенал е лидер на табелата во Премиер лигата со 29 бода, додека Челзи е на второто место со 23.

Share

The post Мареска: Палмер е подготвен за Арсенал appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK