април 21, 2026

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 82-годишна скопјанка била измамена за сума од околу 170.000 денари од едно лице кое се претставувал како полициски службеник.

-82-годишна жена од Скопје во СВР Скопје, пријави дека била измамена од едно лице за сума од околу 170.000 денари. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и на оштетената и кажало дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која починало дете и дека е потребно да плати за да не оди во затвор, посочуваат од МВР.

Како што е пријавено, таа излегла на улица и ги дала парите на машко лице, но подоцна сфатила дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа, односно дека е измамена.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK