април 21, 2026

На 08.12.2025 година во 00:30 часот, кај месноста „Млин”, на магистралниот пат Кичево- Охрид, од страна на полициски службеници од СВР Охрид лишен од слобода е Т.С.(41) од Кичево.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд” со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршено алкотестирање кај него утврдиле 1,56 промили алкохол во крвта.

Истиот, веднаш е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобзирно управување со моторно возило” наведуваат од МВР.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK