април 21, 2026

Вчера во 20:30 часот на место викано „Нова петла“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен назор Богородица го лишија од слобода Р.Р.(28) од с.Копаница, скопско.

При преглед во возилото „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Египет.

Мигрантите се спроведени во Прифатно – транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а по целосно документирање на случајот, против Р.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK