април 21, 2026

Секторот за внатрешни работи – Велес денеска соопшти дека со 3,66 промили алкохол во крвта, росоманец агресивно се однесувал кон полицајци.

– Вчера во 15:40 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го приведоа Т.Н.(46) од Росоман, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници, кои извршувале службени дејствија. При преземање мерки во врска со настанот, кај него се измерени 3,66 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, известија од СВР – Велес.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK