април 21, 2026

Аргентинската полиција спроведе голема рација во просториите на Фудбалската федерација на Аргентина (АФА). Рации имало и во повеќе од 30 фудбалски клубови во оваа земја, а сето тоа поради сомневања за перење пари од големи размери зад кои стои финансиската фирма „Sur finanzas“.

Споменатата компанија е еден од главните спонзори на аргентинската „куќа на фудбалот“. Рацијата беше спроведена откако по наредба на федералниот судија Луис Армела се појавија видеа од униформирани полицајци кои влегуваат во просториите на здружението во главниот град Буенос Аирес.

Се прегледуваат документацијата и потпишаните договори, како и електронските датотеки.

„Sur finanzas“ минатата недела издаде соопштение во кое се наведува дека обвинувањата за перење пари се „неосновани“ и дека фирмата ги обезбедува своите услуги во согласност со законските прописи.

Покрај тоа што е спонзор на сите натпреварувања што се играат под покровителство на АФА, оваа компанија спонзорира и бројни клубови од првото и второто ниво на аргентинскиот лигашки систем.

Share

The post Рација во просториите на Фудбалската федерација на Аргентина appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK