април 20, 2026

Во доцните часови синоќа, полицијата спроведе акција во Скопје при што беа извршени претреси на повеќе локации. За време на претресите, биле пронајдени поголеми парични средства, како и опрема за коцкање, меѓу која маси за покер, чипови и карти.

Дополнително, полициските екипи пронашле и прашкаста и растителна материја, за која постои сомнение дека е наркотична дрога.

Во рамки на акцијата, лишена од слобода е поголема група лица. По целосно документирање на случајот, осомничените ќе бидат изведени пред надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат повеќе детали по завршување на истрагата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK