април 20, 2026

Лејди Гага накратко го прекина концертот во Сиднеј откако еден од нејзините танчери се лизнал и паднал од сцената поради обилниот дожд. Инцидентот се случил за време на вториот концерт од сиднејскиот дел на светската турнеја The Mayhem Ball.

„Застанете, застанете! Имавме несреќа на сцената“, извикала пејачката додека танчерот паѓал од бината.

Настапот бил прекинат само околу пет минути, по што концертот продолжил, а публиката во меѓувреме ја бодрела Гага, додека останатите танчери чекале сигнал дека е безбедно да се продолжи.

Турнејата The Mayhem Ball се одржува по повод осмиот студиски албум на Лејди Гага – Mayhem, објавен во март 2025 година, и означува нејзино враќање на големите арени. Турнејата започна во јули 2025 во Лас Вегас, а треба да заврши во април 2026 година во Њујорк.

Share

The post (Видео) Дождот направи проблем: Танчер падна од сцената, Лејди Гага го стопираше настапот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK