април 20, 2026

На плоштадот ,,Македонија” во центарот на Скопје е поставена новогодишна елка, со што официјално започнува празничната сезона во градот. Елката е украсена со светлечки лампиони и празнични декорации, привлекувајќи граѓани и посетители за фотографии и зимска атмосфера.

Декорирањето на плоштадите и булеварите започнува од денес. Новогодишните украси ќе останат до 20 јануари.

Божиќниот базар ќе биде отворен повеќе од еден месец, што ќе им овозможи на граѓаните да ја почувствуваат празничната магија како во другите метрополи во регионот и Европа. Декорацијата на градот ќе чини 70 илјади евра, додека централниот концерт ќе биде финансиран од Државната видеолотарија на Македонија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK