Еден од најпрепознатливите и најпочитувани гласови на македонската музичка сцена, златното грло Наум Петрески, повторно ја радува публиката со нова емотивна песна насловена „Една солза“. Станува збор за композиција која носи силна емоција, искреност и препознатлива интерпретација – токму она по што Наум со децении е омилен кај слушателите од сите генерации.
Комплетен автор на песната е Јован Василевски, со кого Наум Петрески има долгогодишна и успешна соработка. „Една солза“ е песна што допира, потсетува и остава силен впечаток уште при првото слушање.
Новата песна воедно претставува и најава за интензивен и креативен период кој следува за Наум Петрески. Во наредниот период, публиката може да очекува многу нови песни, видеоспотови и интересни соработки, со кои овој Наум ќе продолжи да го збогатува македонскиот музички простор.
Покрај тековните проекти, веќе се најавува и нешто навистина големо, кое ќе се реализира во 2027 година и кое, според најавите, ќе биде еден од најзначајните моменти во кариерата на Наум Петрески. Деталите засега се чуваат во тајност, но едно е сигурно – публиката ја очекува уште многу квалитетна музика и незаборавни моменти од златното грло на македонската музичка сцена.
The post (Видео) Со новата песна „Една солза“ Наум Петрески најавува најзначајни моменти во кариерата appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
