септември 20, 2024

Нетфликс го објави трејлерот за романтичната комедија „Кај тебе били кај мене“, во која главните улоги ги имаат Ештон Кучер и Рис Витерспун. Во филмот тие глумат блиски пријатели, кои одлучуваат да си ги заменат своите различни животи.

Деби (Витерспун) е посветена самохрана мајка која живее во Лос Анџелес, а Питер (Кучер) трага по промена од неговиот ергенски живот во Њујорк. Тој ветува дека ќе се грижи за синот на Деби и за нејзиниот дом, додека таа ужива во неговиот стан и авантурите кои ќе ѝ ги понуди Њујорк. Тоа им помага да сфатат што сакаат во животот.

Новата романтична комедија со едни од омилените холивудски глумци ќе има премиера на 10 февруари.


The post (Видео) Објавен трејлерот за романтичната комедија на Рис Витерспун и Ештон Кучер appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK