септември 20, 2024

По информацијата пласирана во јавноста од страна на Општина Центар, а преземена од старана на нашиот медиум, под наслов „Герасимовски – Сопствениците ја рушат доградбата на улица „Македонија, нема да толерираме дивоградби“ се огласи со појаснување компанијата која го има брендот „Шејн“.

Во целост ви ја преснеуваме реакцијата:

-Во врска со Вашата објава на Вашиот ценет медиум каде се пишува “Сопственикот на бутикот „Шејн“ денес започна со отстранување на доградбата на улица Македонија“ би сакале да ја демантираме оваа информација.

Локалот кој го споменувате е во сопственост на друга компанија од која ние го ние го изнајмивме со Договор за закуп, без притоа да ни биде посочено дека не смее да се врши продажба на текстил што не доведе до оваа ситуација.

Нашата компанија и брендот „Шејн“ е странска инвестиција во Македонија, нашите планови се долгорочни а нашите стандарди и вредности по кои се водиме е да се почитува домашната регулатива во целост.

Натписите кои ги прочитавме ги сметаме за тенденциозни и му штетат на угледот на брендот „Шејн“, ние како компанија која се занимава со продажба на текстил неколку пати ја комунициравме општината за решение за ситуацијата во која се најдовме, по што од страна на закуподавецот добивме информација дека сам ќе ја отстрани терасата во средина на јануари а нашиот закуп тука ќе заврши.

Уште еднаш нагласуваме дека „Шејн“ не е сопственик на локалот ниту на терасата и дека без да ни биде посочено во Договорот за закуп од страна на закуподавецот дека не може да се врши нашата дејност.

Сакаме да им се извиниме на нашите потрошувачи и граѓаните за ситуацијата во која се најдовме, но наскоро може да очекуваат дека бутикот „Шејн“ повторно ќе биде достапен во центарот на градот.

The post „Шејн“ не е сопственик на локалот ниту на терасата appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK