Безбедносна камера во САД сними мало дете во пелени како си игра со вистински пиштол во станбена зграда, јавуваат американските медиуми.
На снимката од безбедносната камера на соседот се гледа како момчето држи пиштол во ходникот на станбена зграда во Бич Гроув, Индијана и во еден момент го повлекува чкрапалото.
Сепак, од оружјето не бил испукан куршум иако пиштолот бил наполнет. Таткото на детето (45) е уапсен и се очекува попладнево да се појави пред судот на првичното рочиште, јавува „NBC News“. Видеото од апсењето на таткото го сними и емитуваше во живо реалното шоу „On Patrol“ кое ги следи полицајците на должност.
Всушност, полицијата дошла до видео на кое се гледа како момче во пелена разиграно се движи низ ходникот на зградата со оружје. Момчето најпрво брзо се движи кон скалите и за момент го вперува пиштолот надолу. Потоа се враќа горе и го вперува пиштолот кон вратата од станот. Во споменатото реално шоу беше прикажана снимката од апсењето на неговиот татко.
Полицијата при апсењето заплени полуавтоматски пиштол „Смит и Весон“ калибар 9 милиметри. На настанот реагираше и градоначалникот на Бич Гроув Денис Бакли.
„Како и сите вие, јас сум уништен од она што се случи и многу сум благодарен што никој не беше повреден, особено малото дете. Ја ценам брзата акција на полицијата“, рече Бакли.
Следете не, не има насекаде