април 16, 2026

Славната актерка Кејт Винслет откри дека како тинејџерка имала интимни искуства и со жени, за што отворено зборуваше во подкастот „Team Deakins“. Таа се наврати на улогата во филмот Heavenly Creatures, кој ѝ ја лансираше кариерата и во кој толкува сложен однос меѓу две тинејџерки.

„Ќе споделам нешто што досега никогаш не сум го кажала – дел од моите први интимни искуства беа со девојки. Бев љубопитна и во таа фаза од животот тоа ми помогна подобро да се поврзам со ликот“, изјави Винслет.

Улогата во „Heavenly Creatures“ ѝ го отвори патот кон успешна кариера, која кулминираше со светска слава по филмот Titanic. Денес, таа зад себе има богато актерско портфолио, а неодамна го оствари и својот режисерски деби со филмот „Goodbye June“, достапен на Netflix.

Винслет е позната по тоа што внимателно го чува приватниот живот, но и по јавното залагање за правата на LGBTQ+ заедницата. Во претходни интервјуа таа зборуваше и за стравот што многу млади актери го чувствуваат во Холивуд доколку јавно ја откријат својата сексуалност, поради можни последици врз нивната кариера.

Фото: Depositphotos

Share

The post Кејт Винслет со неочекувано признание: Како тинејџерка имав интимни искуства со жени appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK