септември 20, 2024

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави денеска дека за Светското првенство за фудбалерки, кое ова лето ќе се одржи во Нов Зеланд и Австралија, досега веќе се продадени 500.000 влезници.

Најголем интерес има за влезниците за финалето кое е закажано за 20. август во Сиднеј.

Мундијалскиот турнир на кој за прв пат ќе учествуваат 32. репрезентации ќе биде отворен на 20. јули во Оукленд со натпреварот меѓу домаќинот Нов Зеланд и Германија.

Генералниот секретар на ФИФА, Фатма Самура, прецизираше дека најголема побарувачка за билети е регистрирана во земјите домаќини, како и во Германија, САД, Англија, Катар, Кина, Канада, република Ирска и Франција.

Титулата светски првак ја брани американската репрезентација на чија селекторска клупа седи македонскиот стратег Влатко Андоновски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK