април 16, 2026

Основниот суд во Кавадарци денеска го осуди 43-годишниот С.И. на доживотен затвор за убиството на својот помлад брат, Илија Иванов, кое се случило на 27 јули годинава. Пресудата е донесена врз основа на признание на вина поднесено од Основното јавно обвинителство Кавадарци. Според обвинението, обвинетиот го лишил брат му од живот поради користољубие.

На роденденот на жртвата, двајцата браќа започнале расправија поради сомневања дека Илија сака да го преземе целиот имот. Поттикнат од гнев и омраза, С.И. го удрил брат му со тапиот метален дел од тесла по главата, а потоа уште два пати, предизвикувајќи моментални смртоносни повреди.

Обвинетиот потоа се обидувал да го прикрие делото, телото го преместил во бањата, бришел крв и предмети, а на крај го затрупал во ров и го покрил со шперплоча. Во периодот од 30 јули до 5 август повлекувал пари со банкарската картичка на жртвата. Обвинението било поднесено на 28 октомври, а обвинетиот целосно го признал делото. При изрекувањето на казната, судот ја продолжи мерката притвор до почетокот на издржувањето на доживотниот затвор.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK