април 16, 2026

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека утре (вторник, 30 декември 2025 година) дел од жителите во населбата Тафталиџе ќе останат без вода поради санација на уличен дефект. Како што соопштуваат од претпријатието, дефектот се наоѓа на улицата „Нобелова“, на крстосницата со улицата „Хелсинки“, а прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 9:00 часот.

Без вода ќе останат корисниците на улиците „Нобелова“ и „Виенска“, како и делови од улиците „Хелсинки“ и „Лондонска“. Водоснабдувањето ќе биде повторно воспоставено по целосно завршување на работите за отстранување на дефектот од страна на екипите на ЈП „Водовод и канализација“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK