септември 20, 2024

„Видовме дека групата „Вагнер“ сака да регрутира војници од Србија и од други места, и тоа е нешто што сметаме дека не може да се прифати“, рече Шоле по средбата со српскиот претседател Вучиќ.

Руската платеничка група „Вагнер“ има активности за регрутирање војници и во Србија и други места. Ова минатата недела го откри советникот на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, кој ја критикуваше руската платеничка група „Вагнер“ и нејзините активности во Србија.

„Видовме дека групата „Вагнер“ сака да регрутира војници од Србија и од други места, и тоа е нешто што сметаме дека не може да се прифати“, рече Шоле по средбата во минатата недела со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград.

На крајот од мини-балканската турнеја, Шоле рече дека групата „Вагнер“ е вклучена во непристојни активности низ светот, без разлика дали е тоа во Либија, Централноафриканската Република или во Украина.

„Разговаравме за нашата загриженост и со нетрпение очекуваме да работиме со Владата овде во Белград и на други места каде што „Вагнер“ е активен за да се стави крај на нивните активности“, рече американскиот претставник.

Тој ја повика Србија да воведе санкции кон Москва.

„Постапките на Русија не само што треба да се осудат, туку и да бидат казнети“, рече Шоле. Вучиќ: Не е фер да ги повикувате Србите во војна во Украина

Претседателот на Србија Александар Вучиќ тврди дека „е ноторна лага дека на барикадите во Косово биле припадници на руската паравоена формација Вагнер“, а додаде и дека „не е фер да ги повикуваат Србите во војна во Украина“.

„А зошто тоа и го правите на Србија? Зошто повикувате од „Вагнер“ било кого од Србија кога знаете дека тоа е спротивно на нашите прописи“, рече Вучиќ синоќа во телевизиско гостување.

Руската група „Вагнер“ во декември објави дека отворила културен центар во Белград.

Според соопштението, Центарот „Орли“ работи на соочување со руските либерали кои избегаа од Србија и работат против Москва.

„Вагнер“ одигра голема улога во војната во Украина, како и во анексијата на украинскиот регион Крим во 2014 година.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во 2020 година упати критики за платениците на „Вагнер“ кои се борат во Либија како поддршка на Калифа Хафтар, воен лидер кој се бореше против легитимната либиска Влада и ги поткопа напорите за мир и единство во Либија.

TRT Balkan

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK