април 17, 2026

Џенифер Лопез изјави дека е многу возбудена што нејзините 17-годишни близнаци Макс и Еме наскоро заминуваат на факултет. Во разговор за „Ентертејнмент Тудеј“, таа рече дека се чувствува добро и дека не може да поверува колку далеку стигнале заедно, истакнувајќи дека ги одгледувала сама уште од нивната трета година.

Пејачката додаде дека е горда што нејзините деца израснале во млади луѓе подготвени за сопствениот живот и дека е среќна што знаат дека секогаш имаат дом во кој можат да се вратат.

Иако е светска ѕвезда, Лопез откри дека на нејзините деца им е најважно таа да биде дома и присутна. Сепак, тие ја поддржуваат и биле присутни на нејзините настапи во Лас Вегас, а таа вели дека се горди на својата мајка.

Фото: Depositphotos


Share

The post Џенифер Лопез: Многу сум возбудена, близнаците заминуваат на факултет appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK