септември 20, 2024

Ракометарите на Македонија го загубија и третиот натпревар на Светското првенство во Крагов, овој пат од Аргентина со 35:26.

Ракометарите на Кире Лазаров и овојпат првото полувреме го завршија со идентичен резултат како и на другите два, со минус седум голови разлика 11-18 и станаа првата репрезентација која првите три меча на Светското на полувреме ги губела со идентичен резултат.

Во наредните денови ќе играме во рамките на „Президент Купот“ каде што ќе играат осумте најслаби селекции на овој Мундијал. Натпреварите се играат во „Орлен Арената“ во Плоцк, а веќе на 19 јануари прв противник ни е селекцијата на Алжир. За потсетување, претходно Македонија загуби од Норвешка и Холандија.


The post По поразот од Аргентина, ракометарите се враќаат со најлошиот резултат за Македонија на Светските првенства appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK