април 17, 2026

Познатиот актер Бредли Купер ги демантираше гласините за пластични операции што со години кружат за неговиот изглед. Во гостување во популарниот подкаст SmartLess, 51-годишниот Купер за првпат подиректно се осврна на овие шпекулации, а во негова одбрана застана и неговиот долгогодишен пријател Вил Арнет.

Арнет изјави дека го нервира тоа што постојано се повторуваат тврдењата дека Купер имал естетски зафати, нагласувајќи дека актерот не бил на никаква операција, што го потврди и водителот Џејсон Бејтмен. Купер додаде дека во последните недели сè почесто му приоѓаат луѓе и коментираат дека „изгледа добро“, но оцени дека целата ситуација му е апсурдна.

„Да, луѓето ми приоѓаат во последниве неколку недели… постојано коментираат: ‘О, изгледаш добро!’ Да, но тоа е лудо“, рече актерот.

Гласините повторно се засилија по неговото неодамнешно појавување на црвениот тепих, по кое дел од публиката сметаше дека изгледа поинаку. По објавата на интервјуто од @enews, видеото се прошири на социјалните мрежи, а некои корисници напишаа дека не го препознале, додека други го споредија со Чарли Шин или со двојник на самиот Купер.

@enewsBradley Cooper’s daughter Lea has had filmmaking and movies in her life from the very beginning.♬ original sound – E! News

На TikTok се појавија и споредби со Зак Ефрон, за кого исто така имаше шпекулации за естетски зафати. Дел од коментаторите тврдеа дека неговите очи изгледаат поинаку и шпекулираа за операција на капаците, додека други сметаа дека станува збор за ефект на светлина, шминка, замор, агол на снимање или природни промени поврзани со стареењето.

Фото: Depositphotos

Share

The post Купер за коментарите за неговото лице: Ова е лудо appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK