април 18, 2026

Нигерискиот фудбалер Умар Садик е нов играч на Валенсија, објави шпанскиот клуб.

Садик (28) потпиша договор со Валенсија до јуни 2028 година, на „Местаља“ дојде од Реал Сосиедад. Клубот за неговиот трансфер плати 4.500.000 евра.

Минатата сезона беше позајмен во Валенсија, кога постигна шест гола на 19 натпревари.

Нигерискиот напаѓач оваа сезона одигра седум натпревари за Сосиедад и постигна еден гол.

Садик, во текот на кариерата играше и за Алмерија, Перуџа, Ренџерс, НАК Бреда, Партизан, Торино, Болоња и Рома.

Новиот член на Валенсија одигра 12 натпревари за нигериската репрезентација и постигна еден гол.

Валенсија е на 18-то место на табелата во шпанското првенство со 16 бода.

Foto/ freerangestock

Share

The post Садик се врати во Валенсија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK