април 18, 2026

Две лица од Скопје на возраст од 30 години биле пронајдени мртви во викендица во Горна Ѓоновица, Гостивар.

Од СВР-Тетово велат дека телата на починатите се испратени на обдукција.

„На 08.01.2026 година, во 23:45 часот, до СВР Гостивар е доставено известување дека во викендица во село Горна Ѓоновица во Гостивар, пронајдени се починати лицата Т.Ј. (30) и И.Н. (30), двајцата од Скопје.

Лекарот утврдил дека смртта е без траги на насилство.Телата на починатите се испратени на обдукција.

„Јавниот обвинител и увидната екипа од Полициската станица Тетово извршија увид на местото на настанот“, велат од Полициската станица Тетово.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK