април 20, 2026

За време на концертот на Ана Бекута, кој се одржа на градскиот плоштад во Чачак по повод Стара Нова Година, се случи непријатен инцидент.

Мала група поединци од публиката ја натераа да реагира и делумно да го прекине концертот, бидејќи фрлаа топки снег кон Ана и нејзините музичари.

Иако настапот се одвиваше со бучава од свиркање, ситуацијата ескалираше во моментот кога од толпата кон пејачката беа фрлени снежни топки. Еден музичар беше погоден во главата.

Ана Бекута накратко го прекина настапот за да и се обрати на публиката.

„Срам да ви е! Имате ли мајка? Имате ли сестра? Имате ли баба? Срам да ви е! Каде е полицијата овде? Дали полицијата прави нешто? Веќе нема да пееме и свириме!“, рече Бекута од сцената.

Share

The post (Видео) Хаос на концертот на Ана Бекута, публиката фрлаше топки снег кон неа: „Срам да ви е, имате ли мајка“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK