април 20, 2026

Пожарот во близина на Тутунскиот комбинат е локализиран. Избувнал во импровизирана автомеханичарска работилница. Причинета е материјална штета, но за среќа нема повредени лица. 

Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томевски во изјава за МИА вели дека на терен интервенирале 10 пожарникари со три возила. 

– Пожарот е локализиран за кратко време, потоа се работеше на расчистување. Освен материјална штета, нема повредени лица, вели Томевски.

Чадот од пожарот можеше да се види од повеќе делови од градот. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK