април 21, 2026

Усман Дембеле наскоро би можел да го напушти Пари Сен Жермен, бидејќи сè уште не сака да потпише нов договор со актуелниот европски шампион.

ПСЖ одлучи да направи драстични промени во својот проект, пишува шпански „АС“. Европските шампиони радикално ја променија својата политика, не само во однос на трансферите, туку и коа се работи за новите договори.

ПСЖ клуб јасно ги искажа своите намери и испрати предупредување до играчите, додава шпанскиот весник. Тоа го видовме минатото лето со Џанлуиџи Донарума, кој не успеа да се договори за продолжување на договорот со ПСЖ.

Сега слична ситуација би можела да се повтори со Усман Дембеле, за кого, и покрај тоа што е освојувач на Златната топка и клучен играч во освојувањето на тројната круна, ова не е доволно.

Французинот го отфрли првиот предлог за обновување на договорот, кој истекува во 2028 година. Напаѓачот сè уште не го продолжил договорот, а како што истакнува „АС“, ова е вистински пример за новиот план што го поставија клупските челници.

„Европските шампиони усвоија јасна стратегија: секој што не сака да игра за ПСЖ нема да биде принуден да остане“, пишува „АС“.

Парижаните сакаат да ја избегнат ситуацијата што се случи пред четири години со Килијан Мбапе, кој на крајот замина бесплатно во 2024 година.

Foto/ depositphotos

Share

The post Дембеле ќе го напушти ПСЖ? appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK