април 21, 2026

На денешен ден, 25 јануари 1981 година, е роден Тоше Проески, македонски пејач чиј музички опус и хуман ангажман го направија една од најзначајните личности на современата македонска култура.

По повод годишнината од неговото раѓање, неговата сестра Дора и годинава ја продолжи традицијата на тивко, но длабоко лично сеќавање. Таа сподели фотографија од роденденска торта посветена на својот брат – бела торта со елегантни златни детали, украсена со бели ангелски крилја и свеќички со бројката 45, симболичен потсетник на роденденот што Тоше денеска ќе го славеше.

Тоше Проески трагично загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Република Хрватска. Посмртно беше прогласен за заслужен граѓанин на Македонија, а 17 октомври 2007 година беше прогласен за Ден на национална жалост.

Share

The post Сестрата на Тоше Проески го одбележа неговиот роденден appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK